MK
ИНСТИТУТ ЗА СЛАВИСТИКА
ПРИ ВРОЦЛАВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
срдечно Ве покануваат на 23-24 февруари 2023 годинана
VI МЕЃУНАРОДНАТА ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНА
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
СЛОВЕНСТВОТО НЕКОГАШ И СЕГА
ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА, КУЛТУРА
Под покровителство на Почесниот и Величествениот Ректор на Вроцлавскиот Универзитет
проф. д-р Роберт Олкевич
Живеете нов живот за секој нов јазик, којшто го зборувате
(Јохан Волфганг вон Гете)
Целта на VI конференција е размената на мислења, презентирани од млади истражувачи поврзани со проблематиката на современите словенски јазици, литература и културни граници.
Ги предлагаме следните области на размислување:
– Современи теории, истражувачки методологии и нивнатпримена
– Еволуција на ономастичните истражувања
– Фразеологија и лингвистичката слока на светот
– Јазична политика и медиуми
– Преведувачот во современиот свет – задачи и дилеми
– Театарот – дали и понатаму е универзален медиум
– Корпусни истражувања
– Глоттодидактика
– Митови и стереотипи во јазикот, литературата и културата
– Интертекстуалност во литературата, културата и јазикот
– Меѓусебен прием на словенската литература
– Гранично кино
– Литературните јазични пограничја
– Коресподенција на уметностите.
Јазици на конференцијата се сите словенски јазици, англиски и германски.
Планираното време за презентација на текстот е 15–20 минути. Планираната котизација изнесува 500 злоти (115 евра) за научни работници и 450 злоти (100 евра) за докторанди. Истата вклучува: конференциски материјали, кафе-паузи, ручек, свечена вечера и поконференциски зборник.
За учесниците во конференцијата предвидена е културна програма: посета на Националниот музеј во Вроцлав;
Повеќе информации, како и фолдери за преземање, можете да најдете на страните slowianszczyzna.wordpress.com, или на веб-страницата на Институтот за словенска филологија ifs.uni.wroc.pl во делот „Nauka“ (->„Konferencje“ -> „Zaproszenia na konferencje“).
Ве молиме да ги испратете Вашите пријави на е–пошта: slowianszczyzna.konf@gmail.com до 4 јануари 2023 година.
Информации за прифаќање на пријавите, како и број на банкарската сметка на која треба да се уплатат конференциските трошоци ќе биде објавена на 9 јануари 2023 година.
Организацискиот одбор има право на избор на рефератите
Истата ќе може да биде уплатена до 9 февруари 2023 година.
Околу конференциските подробности ќе Ве известиме во посебна е–порака. Сите информации и конференциски програми, исто така ќе бидат достапни на страната: slowianszczyzna.wordpress.com.
Во зависност од развојот на епидемиолошката ситуација, организаторите ја зачувуваат можноста да се промени начинот на одржување на конференцијата од присуство во живо на комбинирано или онлајн. За сите промени ќе бидете известени на време.
Би сакале да Ве информираме дека резултат од нашата средба ќе биде поконференциски том.
Организаторите не го покриваат патувањето и ноќевањето.
***
Организациски одбор:
Тутори: Претседател:
д-р хаб. Олех Белеј, проф. Увр д-р Агњешка Колоџиеј
д-р хаб. Ева Комисарук, проф. Увр
Sekretari konferencije:
д-р Јадвига Крајевска
д-р Магдалена Полчинска
д-р Бартош Јушчак